Најмили дечиња,
утре, 06.01, последниот ден од “Зимската приказна” е и последниот ден за возење со Мечо за оваа сезона. Празниците се денови кога сите треба да бидат среќни, а Мечо е најсреќен кога вие сте насмеани, среќни и задоволни.
И оваа година повторно Општина Битола и ЈП Паркинзи ќе подарат бесплатни возења на сите дечиња кои утре од 11 до 15 часот ќе бидат пред Офицерскиот дом.
Да ја испратиме оваа наша Зимска приказна како што ја пречекавме со радост, насмевки и желби за таа да ни се врати до година уште поубава и повеличествена.

Лизгалиштето утре ќе работи со скратено работно време до 19 часот, а Божиќ ќе биде неработен ден. После тоа продолжува со работа секој ден во периодот од 10 часот до 22 часот.
Празниците живеат во Битола!







