Во духот на верата и почитта кон македонските традиции, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети црквата „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка.

„Традиционално, во духот на верата и почитта кон нашите корени, денес ја посетивме црквата. Нека е за многу години,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на верските и културните вредности кои го збогатуваат македонскиот народ.

Посетата беше проследена со молитва и средба со верници, кои ја искористија можноста да се сретнат со премиерот и да разменат мислења за тековните случувања во државата.

Мицкоски истакна дека ваквите моменти ја зацврстуваат заедништвото и ја нагласуваат потребата од зачувување на духовното наследство на Македонија.








