Во Гостивар во дом и помошни простории на лицето Ќ.А. (37) во село Долна Бањица гостиварската полиција при претрес пронајде и одзеде две автоматски пушки и две празни рамки, од кои едната автоматска пушка била расклопена на делови.
Истовремено било констатирано дека на пушките им биле избришани сериските броеви и потеклото. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.







