На 03.01.2025 година во 15.50 часот полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го лишиле од слобода А.Ј. (24) од село Арачиново, скопско, кој со неговото патничко возило „Ауди“ со скопски регистерски таблици, бил учесник во сообраќајна незгода на улица „Маршал Тито“ кај кружен тек на излез од градот. Имено на местото на несреќата пристигнале и на А.Ј. му се придружиле уште двајца негови пријатели и заедно физички го нападнале Б.С од Тетово кој бил учесник во истата незгода, а потоа двете непознати лица со возило заминале од лице место. А.Ј. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднедок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







