Почитувани тетовчани,
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и оваа година традиционално ќе се одржи Баниковата Поворка која ќе започне во 10:00 часот, а ќе тргне од соборниот храм “Св. Кирил и Методиј“ – Тетово.
Поворката ќе помине низ поголемите булевари и улици на Тетово, а ќе заврши на градскиот плоштад – каде е предвидена културно-уметничка програма на која ќе настапат :
Детски хор Лале
Детски хор Крешендо
Куд Шара
И Jovana Bogdanoska
Да го прославиме празникот Бадник сите заедно обединети пред Бога навестувајќи го Христовото Раѓање, пред Витлеемската ноќ и заедно со ангелите да пееме: „Слава на Бога во Висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“
ХРИСТОС СЕ РОДИ !
НАВИСТИНА СЕ РОДИ !







