-На 02.01.2025 година околу 18,20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул. „23-ти Октомври“ со бул. „Јане Сандански“ во Скопје сe случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.М.(23) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.И.(19) од Велес. Во незгодата со телесни повреди се здобила М.И. и сопатникот во возилото „голф“ Б.А.(23) од Велес, како и Х.М. и сопатник во возилото „сеат“, Д.Ј.(34) од Скопје констатирани во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.







