На првиот ден од новата 2025 година, низа апсења низ главниот град.
– На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.В.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 01.01.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Р.Е.(26) од село Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле А.М.(24) од Кичево, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.






