Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Половина од домашниот буџет се троши на храна и пијалаци, најмалку на здравје, култура и образование

by
2025-01-01
in Uncategorized
market

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 177.6 килограми и компир – 69.5 кг. Од месо најмногу живина – 44.6 кг, како и 15.9 килограми риба. Домаќинствата во просек испиле 180.7 литри безалкохолни пијалаци и 34,6 литри алкохолни. Изеле и 21,8 килограми чоколади и кекс и испиле 8,1 килограми кафе и какао. За сообраќај оделе 5,9 проценти од домашниот буџет, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.

Најголем дел од домашниот буџет домаќинствата во просек трошеле на лична потрошувачка – 315 219 денари или 98,1 процент, потоа за отплата на кредити и заеми – 3 855 денари или 1,2 проценти, за загуби, подароци и слично – 853 денари или 0,3 проценти, за штедење – 718 денари и за членарина, даноци, царини и слично – 602 денари или 0,2 проценти од домашниот буџет, додека за издатоци за стан, куќа и имот само 127 денари.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во делот на личната потрошувачка, најмногу средства или во просек над половина од вкупно потрошените домаќинствата одвојувале на храна и безалкохолни пијалаци – 160 987 денари, потоа за станарина и режиски трошоци – 28 655 денари или 8,9 отсто, за сообраќај – 18 854 денари или 5,9 проценти, за алкохолни пијалаци и тутун – 17 893 денар или 5,7 отсто, за останати стоки и услуги – 17 893 денари или 5,6 проценти, за облека и обувки – 14 368 денари или 5,2 отсто, за покуќнина и одржување на домот – 17 952 денари или 4,4 проценти, за ресторани и хотели – 12 922 денари или 4 отсто, за здравје – 10 573 денари или 3,7 проценти, за комуникации – 9 795 денари или 3 отсто, за рекреација и култура – 4 764 денари или 1,5 отсто и за образование – 313 денари или 0,1 процент од средствата за лична потрошувачка.

Само за храна домаќинствата во 2023 година во просек трошеле 144 900 денари, од кои најмногу за месо – 35 780 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 30 421 денари, за производи од жито – 24 946денари, за зеленчук – 21 135денари, за овошје – 10 087денар, за шеќер и чоколади – 6 584 денари, за масло – 5 646 денари, други прехранбени производи – 6 024денари, и за риба – 4 278 денари.

Најмногу во домаќинствата се јадело леб – 177,6 кг, потоа компир – 69.5 кг и јужно овошје – 64 кг, додека од месо најмногу се јадело живина – 44.6 кг, потоа преработки од месо – 37.4 кг, па свинско – 23.7 кг и говедско, телешко и јунешко – 16.3 кг. Свежа и замрзната риба – 15.9 килограми, а преработки од риба – 2.3 кг.

Од овошје, освен јужно овошје, најмногу се јаделе јаболка – 33.3 кг и бостан – 28.6 кг, а најмалку се јаделе цреши и вишни – 0.8 кг и круши – 1.9 кг.

Од зеленчук, освен компир, најмногу се јаделе пипер – 35.3 кг и домати – 34.6 кг, а најмалку грашок и боранија – 1.2 кг.

Кај млечните производи, домаќинствата најмногу пиеле млеко – 84.6 литри, потоа кисело млеко и јогурт – 76.1, а сирења 30.4 кг и други млечни производи – 7.2килограм.

Од тутун и пијалаци, домаќинствата најмногу од домашниот буџет трошеле на тутун – 14 747 денари, потоа на други безалкохолни пијалаци – 6 196 денари, па за кафе, чај и какао по 4 723 денари и најмалку на алкохолни пијалаци – по 3 645 денари.

Домаќинствата во просек испиле 180.7 литри безалкохолни пијалаци, додека од алкохол најмногу пиво – 29.1 литри, потоа вино – 3.9 литри и жестоки пијалаци – 1.6 литри.

Од домашниот буџет повеќе пари се трошеле на облека – 10 381 денари, додека на обувки – 6 272 денари.

Домаќинствата трошеле 22 066 денари на огрев и осветлување на домот, потоа за комунално-станбени услуги – 4 083 денари, за одржување и поправки на домот – 940 денари и за станарини – 23 денар.

Околу домот и негово одржување, домаќинствата најмногу трошеле на производи и услуги за одржување – 8 586 денари, потоа за мебел, покривки на под и одржување – 2 632 денари, за апарати за домаќинство и поправки – 1 055 денари, за текстил за домаќинство – 1 043 денар, за садови и прибор – 580денари, и за алати за куќа и градина – 226 денари.

Најмногу од домашниот буџет за здравје бил потрошен на лекови и помагала – 10 651 денари, додека на здравствени – 1 103 денари и на болнички услуги – 116 денари.

Во делот на сообраќај, најмногу од домашниот буџет бил за делови и гориво за сообраќајни средства – 17 327 денари, додека 1 308 денари за сообраќајни услуги и 219 денари за сообраќајни средства.

Од комуникациите, најмногу домаќинствата трошеле на телефонски услуги – 8 838 денари, потоа за телефони и факс-апарати – 951 денари, а најмалку за поштенски услуги – шест денари.

Од делот за култура и рекреација, најмногу од домашниот буџет се трошел на аудиовизуелна и информатичка опрема – 1 708 денари, потоа 1 073 денари за опрема за градина, миленици и други средства за рекреација, додека за весници и книги – 902 денари, а за услуги за култура и рекреација – 869 денари и за туристички пакет-аранжмани – 175 денари.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2023 година. Изборот на 5040 домаќинства е извршен преку двоетапен стратифициран примерок, при што во првата етапа е извршен избор на пописни кругови од Пописот на населението во 2021 година, а во втората етапа е извршен избор на домаќинствата за анкетирање. Извештајниот период за прибирање на податоците за потрошувачката на избраните домаќинствата е 15 дена, а за приходите изнесува три месеци.

Просечен број членови на анкетираните домаќинства е 3,05, додека во просек вработени биле 1,11 член. Во просек вкупно расположливите средства по анкетирано домаќинство во 2023 година изнесувале – 555 374 денари или 8 957 евра. Најмногу имале мешовитите домаќинства – 990 556 или 15 976 евра, потоа земјоделските – 839 942 или 13 547 евра, а најмалку неземјоделските 524 817 денари или 8 464 евро годишно.

Previous Post

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски

Next Post

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, едно лице загина

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, едно лице загина

Recommended

ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ СЛАВЕШЕ ПРЕД ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СКОПЈЕ

ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ СЛАВЕШЕ ПРЕД ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СКОПЈЕ

4 years ago
Д-p Мехмедовиќ: Нѐ очекува тешka есен и зима, нема надежи за крај за пандемијата

Д-p Мехмедовиќ: Нѐ очекува тешka есен и зима, нема надежи за крај за пандемијата

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.