Жител на Тетово бил уапсен вчера, откако претходно при расправија се заканувал со огнено оружје. При претрес на неговиот дом, полицајците нашле пиштол „ЦЗ“ и колекционерски кубур, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.07.2024, пријавениот упатувал закани со огнено оружје кон едно лице, а при претрес во неговиот дом и други простории, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава“, калибар 7,62, две рамки за огнено оружје и 46 куршуми калибар 7,62 мм и пиштол кубура (колекционерско оружје)“, пишува во полицискиот билтен.







