Советникот во општина Тетово, Ангел Карапетров, истакна дека по деталната анализа на буџетот и програмите не е утврдено постоење на ставка за поддршка на невладината организација „Албанска Академија“ во износ од 40.000 евра. Според него, дури и доколку таквата ставка постоеше, тој и неговите колеги не би го поддржале буџетот.
„За теми кои поларизираат или етнизираат, воопшто не сакаме да разговараме. Наш приоритет е посветената работа за доброто на сите граѓани, без разлика на етничката припадност,“ нагласи Карапетров.
Тој додаде дека главната цел е реализација на ветените проекти и подобрување на животните услови за жителите на Тетово. За ова, како што информира, општината е поддржана со 11,5 милиони евра од Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски.







