-Во состојба кога здравствениот систем е преоптоварен, а лекарите исцрпени и изнемоштени, иако не сакам, морам да ги обвинам неодговорните луѓе, кои сѐ уште мислат дека не постои корона или дека земјата е рамна, анализира за „Фокус“, директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Од обдукциите што ги направиле констатирале дека вирусот ги разорува белите дробови, но ги напаѓа и другите органи. Вели слободен кревет може да се најде за секој болен, но кадарот што е едуциран за лекување ваков вид заболени е изморен и изнемоштен.
Над 20 лица речиси секојдневно умираат од ковид-19 во земјава, а вчера беше достигнат црниот рекорд од почетокот на епидемијата – 40 лица починаа за едно деноноќие. Во здравствените билтени за состојбата со вирусот, сѐ почесто меѓу починатите се и млади луѓе на триесетгодишна, или четириесетгодишна возраст.
Целото интервју прочитајте го тука : https://fokus.mk/stankov-nikoj-ne-pochinal-tuku-taka-golem-del-od-graganite-ne-znaat-ni-deka-imaat-visok-pritisok/
-Се зборуваше дека ако не се внимава на мерките за заштита дека ќе се појават огромен број пациенти, кои нема да можат да бидат сместени во болниците. И тоа не е проблем, слободен кревет сигурно ќе се најде за секој болен што треба да биде згрижен. Суштината е во тоа што ние немаме бесконечен извор на медицински кадар кој ќе се грижи за болните. Постојниот кадар кој е едуциран за лекување на ваков вид на заболени е исцрпен и истрошен, вели Станков.
Тој додава дека во недостаток на стручни специјалисти, се ангажираат лекари од други специјалности и студенти по медицина.
– За сево ова, иако не сакам, морам да ги обвинам неодговорните луѓе, кои сѐ уште мислат дека не постои корона, или дека земјата е рамна. Населението се опушти, мислејќи дека помина опасноста и сега го гледаме резултатот, констатира тој.







