Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Иван Живковски, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претседателката на Советот Светлана Колариќ, денеска посетија неколку домови во општината каде што им подарија новогодишни пакетчиња на дечињата.

„За ова е целата наша заложба – за среќата и најискрените насмевки од дечињата! Овие моменти носат радост, не само за нив, туку и за сите нас кои сме дел од ваквите активности,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во текот на посетата, покрај дарувањето, градоначалникот и останатите гости се дружеле со дечињата, посакувајќи им многу здравје, радост, среќа и успеси во новата година.

„Новогодишните и божиќните празници се најубавиот период од годината, особено за најмладите, кои ќе ги паметат подароците под елката, семејните моменти и радоста на дарувањето. Секое дете заслужува среќно детство и убави спомени, а ова е наш мал придонес за нивната среќа,“ додаде Ѓорѓиевски.

Оваа иницијатива е дел од празничните активности на општина Кисела Вода, кои имаат за цел да донесат радост и топлина во домовите на најмладите и нивните семејства. Градоначалникот упати порака за бериќетни и среќни празници, нагласувајќи ја важноста на заедничките моменти и грижата за секое дете.







