Бугарија ја поддржа рамката за преговори Албанија, но не и на Македонија, во Европската унија, соопшти министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на брифинг по видео-конференцијата на министрите за европски работи и надворешни работи, јавија бугарски медиуми.
Според Захариева, не се исполнети трите услови поставени за Скопје од Софија.
„Ние имаме три основни услови – придржување кон формулата за јазикот од 1999 година, распоред на активности како ќе се исполнува договорот, како и дека нема да поддржуваат претензии за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови сè уште не се вклучени во преговарачката рамка“, кажа Захариева.
Поради тоа Бугарија беше единствената членка на ЕУ што не ја поддржа првата меѓувладина конференција со Македонија.
Захариева рече дека е подготвена да ги продолжи преговорите меѓу двете земји околку постои „подготвеност за компромиси од другата страна“.







