Нов студен бран ќе го зафати Балканот по новогодишните празници. Согласно сегашните податоци, синоптичарите очекуваат ладниот бран да не зафати по 3 јануари, кога се очекуваат екстремно ниски температури.
– Почнувајќи од 3 Јануари, па за Божиќните празници се поизвесен е нов Метеоролошки екстрем на Балканот, односно ново снежно невреме, како и екстремно ниски температури до околу -20, -25 степени, во делови од Балканот и под -25 степени! – објасви метеопрогнозерот Славчо Попоски.







