На 26 декември 2024 година, во 22:11 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, патничко моторно возило опел со прилепски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот С.М. од Прилеп, излетало од патот.
Возачот бил итно пренесен во Градската болница Прилеп од страна на екипата на Итната медицинска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, која работи на утврдување на причините за несреќата.
Полицијата ги повикува учесниците во сообраќајот на внимателност и почитување на правилата за да се избегнат несреќи од ваков тип.






