Новиот ски центар во кавадаречко Михајлово е комплетиран и сите љубители на скиањето ќе можат да го користат со почетокот на Новата година.
Како што сподели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на неговиот Фејсбук профил пуштањето е на први јануари.
– Македонија добива нов скијачки центар ,,Михајлово”!
Почитувани,
Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија!
Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ве пречека.
Нова година, нов успешен почеток!
Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата…
Со почит, Градоначалник Митко Јанчев! – напиша на Фејсбук.
Од кабинетот на градначалникот пак дополнија дека земјава добива нов скијачки центар во срцето на Кожуф планина.
– Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите, соопштија од Кабинетот на Јанчев.
Оттаму информираа исто така дека зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е активна на терен од утринските часови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.







