На 24.12.2024 во 10.50 часот во СВР Тетово, М.А.(66) од с.Долно Седларце, директор во општинско јавно претпријатие од Брвеница, пријавил дека Ш.И. од с.Милетино,вработен како инкасант во претпријатието, ја злоупотребил својата положба на тој начин што во текот на 2023 и 2024 година, вршел читање на водомер и наплата кај корисниците во нивните домови во с.Милетино и с.Блаце, при што парите ги присвоил за себе и не ги предал во благајната на претпријатието. Поизвршените проверки, констатирано е декапретпријатието е оштетено за околу 120.000 денари. Случајот во претпријатието гопотврдувале корисниците на тие услуги, кои приложиле сметки дека им се наплатениуслугите, додека од страна на надлежните сектори во претпријатието не биле приложени средствата и уплатниците и истите корисници фигурираат задолжени со неплатени сметки. Ш.И. бил предупреден да ги врати парите, но до пријавувањето не го сторил тоа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







