Секторот за внатрешни работи од Тетово поднесе кривична пријава против 16–годишна малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба во обид“.
Како што соопшти полицијата, таа на 07 ноември во Тетово, му го одзела патничко возило „рено“ на сопственост А.С., а ден потоа со употреба на сила, влегла во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на Е.С., го стартувала, а по кратко време го оставила и заминала.







