ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид.
-Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 01. до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје. Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор, информира МВР.






