Февзи Арифи, возач во ЈСП кој го привлече вниманието на јавноста поради несреќата што се случи во јули кај трговскиот центар „Мавровка“, почина. Несреќата, во која автобус удри во жардиниера, остави трага врз Арифи, кој јавно проговори дека се возат неисправни автобуси.
Неговите колеги го опишуваат како посветен професионалец кој бил под огромен стрес по несреќата. Според нив, обвинувањата дека тој е виновен за настанот му предизвикале голема траума. Ова е потврдено и преку неговата емотивна изјава дадена пред базата на ЈСП, каде што детално раскажа за моментите од несреќата и за условите во кои работат возачите.






