На 22.12.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Б.(31) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.







