Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги презентираше тековните реконструктивни активности во училиштето во село Драчево, нагласувајќи ја важноста на создавањето современи и стимулативни услови за учениците.

„Обновуваме тоалети кои ќе бидат функционални додека се користи стариот училишен објект. Истовремено, планираме изградба на нова училишна зграда која ќе претставува нов почеток за идните генерации, а ќе го зачуваме и богатото културно наследство на стариот објект,“ истакна Ѓорѓиевски.
Покрај тоа, општината вложи 750.000 денари од сопствениот буџет за санација на подот и прозорците во фискултурната сала, со цел подобрување на условите за изведување на часовите по физичко образование.

„Вложувањето во училиштата е вложување во иднината на нашите деца. Ова е насоката што ќе ја следам и во иднина,“ потенцира градоначалникот.
Овие активности се дел од посветеноста на општина Кисела Вода кон обезбедување квалитетно образование и подобри услови за младите.





