Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

by
2024-12-23
in Uncategorized

За првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука – рече Весна Мојсова-Чепишевска.

„Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат работите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета“, порача универзитетската професорка, Весна Мојсова-Чепишевска на конференцијата за перспективите на културна соработка на академско ниво со фокус на македонскиот јазик. На оваа прва од таков тип конференција во организација на Одделот за балкански, словенски и ориентални студии на Универзитетот „Македонија“ заедно со центарот „Лабораторија: култури, граници, родови“ и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ учествуваа македонски и грчки професори. Преполн амфитеатар, многу емоции и солзи, но и доволно можности за афирмација на македонистиката на солунскиот Универзитет.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

– И ние, овде, во Солун, тоа го докажавме. Оваа конференција, на која говориме на македонски јазик за македонскиот јазик, книжевност и култура се темели на некои претходни објави-настани. Меѓу другото, пред 99 години е објавен првиот буквар на македонски народен јазик за македонското национално малцинство во тогашна Грција под наслов АБЕЦЕДАР, подготвен од специјална комисија на тогашната грчка влада (Папазахариу, Сијакцис и Лазару), под меѓународно покровителство на „Друштвото на народите“ во Женева и отпечатен во Атина на лерински народен говор со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис. А сега, за првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука! – рече Мојсова-Чепишевска.

Таа говореше за Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ. Таа потсети и на македонската книжевна и културна традиција и во претходниот период. Таа говореше на македонски, а паралелно одеше и преводот на грчки, кој за оваа конференција го направи професорката Александра Јоаниду.

Мојсова-Чепишевска потсети дека носител на идејата за македонската државност е Димитрија Чуповски, а носител на нормите за идниот македонски стандардизиран јазик Крсте Мисирков, при што до нивната примена, пред сè, во драматургијата се остварува преку Војдан Чернодрински и Марко Цепенков.

– Во овој контекст треба да се укаже и на првите почетоци на профаното сликарство во Македонија кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тие се поврзани со економските и социјалните промени во Македонија како дел од Отоманската империја, а особено со постепеното формирање на граѓанската класа и градската средина во истиот тој период. Едно поинакво разбирање на уметноста се чувствуваат во дел од творештвото на двајцата последни зографи: Димитрие Андонов – Папрадишки (околу 1858 – 1954) и Ѓорѓи Зографски (1870 – 1945). Исто така, треба да се истакне и македонскиот композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, Атанас Бадев (1860 – 1908) како еден од првите професионално школувани македонски композитори, кој студирал музика најпрвин во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, а потоа и кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и ја собирал македонската народна музика. Посебно е значајна неговата работа врз проучувањето на македонскиот музички фолклор – рече Мојсова-Чепишевска.

Таа зборуваше за создавањето книжевност на македонски народен јазик и го истакна прилично неочекуваниот развој на македонското драмско творештво меѓу двете светски војни кој се врзува со местото и улогата на тогашниот Скопски театар. Непосредно пред Втората светска војна, Скопје станува центар на една ретко разгранета творечка дејност. Во помал обем, но многу порано од Скопје слична улога има и Штип каде според извесни кажувања уште во 1924 гидина се изведувани битовите драми „Македонка“ од Славко Нетков и Душан Будимировиќ, а нешто подоцна и „Маруша“ од Павле Аџикимов. Во 1924 година, и во Прилеп се изведува „Македонска крвава свадба“ што претставува дел од едно раздвижување чиј основен импулс секако е мошне обемната и студиозна театарска дејност на Војдан Чернодрински. Потоа се јавува Куманово, каде што се школува и живее Васил Иљоски, кој во 1928 година дебитира со пиесата „Ленче Кумановче“ („Бегалка“) и тоа на сцената на Скопскиот театар.

– За неполни шест сезони (1936-1941) се изведуваат седум дела од македонски автори и на македонски народен јазик меѓу кои се истакнуваат „Печабари“ од Антон Панов и „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле. Некои од нив како што е „Печалбари“ од Панов, речиси воопшто не слегува од репертоарот. Додека Кочо Рацин мора илегално да ја печати и растура својата збирка или Коле Неделковски своите збирки да ги печати надвор од својата татковина, додека тогашните литературни списанија и весници прилично резервирано започнуваа да отстапуваат простор за по некоја песна од македонски автор и на македонски јазик, кога нема некои позабележителни прозни обиди, македонската драма во тогаш таканаречениот Вардарски дел на Македонија, прилично отворено и ефикасно расветлува дури и некои актуелни социјални и етички проблеми – посочи Мојсова-Чепишевска.

Таа детално се осврна на поетското творештво на Рацин, Шопов, Конески, Тодоровски, Матевски, Андреевски и Урошевиќ, во светлината на јубилеите што се чествуваат годинава, но и нагласувајќи дека веднаш по завршувањето на Втората светска војна за македонската литература и култура се случуваат и други значајни датуми: на 29 октомври 1944, с. Горно Врановци, Велешко излегува „Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник кој се доживува како ризница на македонската историја и на 28 декември 1944 низ етерот одекнува: „Зборуе Радио Скопје“ со што се удираат темелите и на Македонското радио и на Македонската телевизија.

Посочувајќи дека не треба соработката да запре тука, таа пред присутните, во своето обраќање нагласи дека идната година треба да се одбележат и 100-те години од излегувањето на АБЕЦЕДАРОТ и на ова одбележување треба да се надоврзе и 80-те години од: 5 мај 1945 кога се усвојува македонската азбука со што се кодифицира македонскиот јазик и 7 јуни 1945 кога излегува првиот Правопис на македонскиот јазик.

– Македонската азбука ù ја отвори широко портата на македонска поезија и на целата македонска книжевност. Рацин во 1939 и Шопов во 1944 сè уште пееја на народен македонски јазик, но и двајцата гореа од љубов кон татковината, кон саканата, кон слободата … И гореа од љубовта кон своите книжевни татковци … Таква љубов кон своите книжевни татковци која прераснува до сериозна стравопочит покажува и Блаже Конески, „патријархот на македонското слово“, како што го нарече грчкиот поет Костас Валетас. Андре Жид верува дека големите автори се оние кои трагаат по влијанијата, ги бараат и преку таа плодоносна споредба и средба ја изградуваат својата индивидуалност и посебност преку силниот македонски збор. А можноста да се зборува за македонска поезија, за македонската литература и култура на Универзитетот „Македонија“ во Солун и да се зборува за зборот во таа поезија е вистински предизвик. И преку овој краток текст за таа поезија нека се разголат сите зборови зашто „Нивното лице не е едно“, како што вели Петре М. Андреевски. И зашто тие македонски зборови добиваат некои свои, нови лица додека се слуша/чита македонската поезија како одѕвонува и на грчки – рече Мојсова-Чепишевска.

Покрај АБЕЦЕДАРОТ, таа посочи дека конференцијата е во светлината и на други претходни значајни објави. Во 1960 година, во Ташкент, Узбекистан излегува првиот превод на грчки на „Бели мугри“ од Рацин, направен од Васко Караџа, а во 1978 година, во Атина излегува преводот на грчки направен од Викторија Теодору. Една година потоа во Атина излегува избор од поезијата на Блаже Конески со предговор на поетот Костас Валетас. Во 2009 година, во Солун излегува „Современ грчко-македонскиот речник“ подготвен од Васко Караџа.

– Ние како Универзитет, како Филолошки факултет скоро ништо не знаеме за современата грчка книжевност и современата грчка култура (како филм, музика, книжевност за деца), за културата на 21 век … Дајте да си подадеме раце! Затоа, мора силно да работиме на вакви заеднички конференции, работни средби и посети на кои ќе се запознаваме и ќе споделуваме искуства и мислења. Мораме конечно да почнеме да разговараме и да соработуваме. Затоа благодарам до професор Александра Јаоаниду и за ова денес и за сите нејзини заложби во зближувањето на двете култури преку преводите што таа ги направи и ги прави и на книгите на Румена Бужаровска, но и на Кица Колбе, како и преку преводите што ги направи за овој настан, за оваа работна средба – рече Мојсова-Чепишевска.

Меѓу присутните на настанот имаше и академски граѓани, истражувачи и преведувачи од Грција со македонско потекло, кои во разговорите ги споделија и своите искуства, но и интелектуалци што и без таа доза на емотивна приврзаност, стручно се подготвени да се посветат на македонистиката. Како што е соопштено се очекува активностите да продолжат, при што оваа средба е почетна точка со историски димензии – за првпат, во грчката академска средина, на олку висок ниво се говореше за македонистиката и на македонски јазик.

Previous Post

Забрана за движење товарни возила на патот Тетово – Попова Шапкa

Next Post

Веќе се враќа правната држава и довербата во институциите, вели Меџити

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Веќе се враќа правната држава и довербата во институциите, вели Меџити

Recommended

Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

7 months ago
ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви за донација за лекувањето Маре Симевска

ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви за донација за лекувањето Маре Симевска

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.