Вечерва Драчево блеска во празнична магија со манифестацијата „Новогодишна зимска бајка“, организирана од Општина Кисела Вода. Насмевките на децата, топлината на заедништвото и звуците на македонската музика ја претворија оваа ноќ во незаборавно доживување.

„Оваа бајка ја создадовме за сите наши жители, особено за најмладите, кои вечерва уживаат во магијата на празниците. Наша цел е да ја задржиме оваа традиција и да создадеме уште повеќе моменти што ќе ги поврзат нашите семејства и заедницата,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Манифестацијата започна со настапот на детскиот фестивал „Поточиња“, каде децата пееја, играа и се фотографираа со Дедо Мраз и нивните омилени цртани јунаци. Забавата продолжува со настапи на македонски музички ѕвезди како ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска.

„Новогодишна зимска бајка“ ја покажа силата на празничниот дух во Драчево, привлекувајќи стотици жители и посетители. Со оваа манифестација, Драчево ја зацврстува својата позиција како една од најактивните заедници за време на празниците.







