Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, ги поканува сите сограѓани на настанот „Три години посветена работа за модерна општина Јегуновце“, кој ќе се одржи во сабота, 21 декември, во 18:00 часот, во салата на библиотеката „Светлина“ во Прељубиште.
На настанот, Костадиноски ќе ги презентира бројните реализирани проекти, активности и достигнувања во текот на неговиот мандат.
„Ми претставува чест и огромно задоволство да ги споделам со вас успесите што ги постигнавме заедно како заедница. Ве поканувам заеднички да ги проследиме овие резултати и да ја продолжиме нашата визија за модерна и напредна општина,“ порача Костадиноски.
Оваа средба ќе биде можност граѓаните одблизу да се запознаат со развојот на општината и со плановите за иднината.






