Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Научна конференција „80 години образование на мајчин македонски јазик“ во Корча

by
2024-12-20
in Uncategorized

Со учествуво на  универзитетски професори и научници од Корча, Тирана и Македонија, како и активисти од македонската заедница во Албанија и областа Гора, на Косово, во Корча, Албанија, почна Научната конференција на тема: „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“.

На чинот на свеченото отворање, учествуваа заменик министерот за надворешни работи и трговија, Зоран Димитровски, ВД амбасадор на Република Северна Македомнија во Тирана Љуфтим Спахиу, дитректорката на КИЦ во Тирана Емилија Потеска Попивода, градоначалникот на Пустец Пали Колефски и други.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Обраќајќи се пред присутните, заменик министерот Зоран Димитровски, потенцираше дека негувањето на македонскиот јазик и зацврстувањето на неговата позиција на глобално ниво е програмски приоритет на новата македонска  влада.

-Од аспект на евроинтеграцијата на државата, тоа значи зајакнување на преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик, со цел навремена и квалитетна подготовка на националната верзија на европското законодавство и обезбедување квалитетна поддршка во текот на пристапните приговори, рече Димитровски.

Според него, јазикот е нашиот часовник на времето во кој и стојат и се движат сите физички и духовни записи, сите споделени мисли и спомени на што човекот ги брише, а јазикот го чува дури и од забот на времето.

Учесниците ги шпоздравија уште претседателот на Советот на општина Корча, Ејрон Неџипи, ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, Ленци Економи, деканката на Образовниот и Филолошкиот факултет, Јонела Спахиу и други официјални лица.

Организатори на Конференцијата се Македонското друштво „Сонце“ од Корча, во соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ од истиот град, како и “Мрежата за промоција на јазичната различност” од Брисел.

Претседателот на Друштвото Сонце и професор на Универзитетот „Фан С. Ноли“, Васил Стерјовски, напомена дека целта на Конференцијата е да се одбележи значајниот јубилеј на македонското образование во Албанија, да се почитуваат и запаметат сите оние кои дале значаен придонес за развојот на образованието на мајчин јазик и да се истакне потребата за понатамошен развој на образовниот процес на Македонците во Албанија.

-Јазикот е душата на еден народ. Како што рекол германскиот филозоф Јохан Волфганг Гете “Кој не го знае својот јазик, не се познава себеси”. Затоа зачувувањето и развојот на македонскиот јазик во Албанија е вреден придонес за нашиот културен мозаик. Да го искористиме овој јубилеј за да размислиме за важноста на соработката и различостите. Како Македонци и Албанци, со векови живееме рамо до рамо, споделувајќи предизвици и триумфи. Нашата соработка е пример за хармонија и меѓусебно почитување, истакна Стерјовски.

Во рамките на настанот, ќе биде поставена изложба на фотографии и документи кои го отсликуваат образованието на македонски јазик во Албанија, како и книги на македонски јазик напишани од Македонци во Албанија.

На Конференцијата, која е  од големо значење за промоција и зачувување на македонскиот јазик и културен идентитет во Албанија, од Македонија учествуваа професор д-р Катерина Тодоровска, заедно со новинарот, активист мегу Македонците во Албанија, Веле Митаноски.

Тодоровска повтори, дека, во декември 1944 година, Македонците во областите на Мала Преспа, Голо Брдо и селото Врбник во Деволската област започнаа да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во Албанија, што било овозможено со мегудржвен договор на тогашните југословенски, односно албански власти, веднаш по Втората светска војна.

-Во промоцијата и зачувувањето на македонскиот јазик кај етничките Македонци во Албанија, имало златни периоди во минатото, но, за жал, и обиди за асимилација и злоупотреба на нивните маки, со инфилтрација на бугарски емисари и службеници на официјална Софија, во најново време, рече, мегу другото Веле Митаноски.

Тој повтори дека двете земји, до 1948 година, негувале блискост и соработка, како резултат на заедничката антифашистичка војна, во која, етничките Македонци во Албанија, зеле масовно учество.

Во рамките на настанот, ќе биде поставена изложба на фотографии и документи кои го отсликуваат образованието на македонски јазик во Албанија, како и книги на македонски јазик напишани од Македонци во Албанија.

Извор: Денес Магазин

Previous Post

Жена нашла туѓа платежна картичка, па си пазарела со неа

Next Post

Сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“: Автомобил извртен и оштетен, делови распрскани низ булеварот

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
najnova vest

Сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“: Автомобил извртен и оштетен, делови распрскани низ булеварот

Recommended

Во Армијата примени 200 професионални војници

Во Армијата примени 200 професионални војници

3 years ago
Започна нова рунда преговори помеѓу Хамас и Израел за постигнување примирје во Појасот Газа

Започна нова рунда преговори помеѓу Хамас и Израел за постигнување примирје во Појасот Газа

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.