Министерството за надворешни работи информира дека денеска, за време на ракетниот напад врз критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон во Киев, била оштетена и зградата каде што се наоѓаат шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија.
Според соопштението, нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но врз објектот е причинета значителна материјална штета. Надлежните служби веќе извршиле првичен увид на терен, а се преземаат мерки за санирање на последиците од нападот.
Редакцијата на 24 Инфо дојде до ексклузивни снимки кои ја прикажуваат состојбата на терен по нападот. На видеото се забележува искршено стакло на улиците и голема материјална штета околу амбасадата, што сведочи за интензитетот на нападот.
Повеќе информации и детали за настанот се очекуваат во наредните денови.






