Благодарение на брзата реакција на полициските службеници од СВР Скопје, А.А. бил уапсен на лице место, а малолетникот бил пронајден кратко потоа. При претрес кај малолетникот бил откриен нож.
27-годишниот А.А. и еден малолетник, и двајцата од Скопје, беа уапсени откако се обиделе да извршат разбојништво во филијала на банка во Чаир.
Инцидентот се случил вчера, на 16 декември 2024 година, околу 13:00 часот, кога осомничените испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото на банката, но за среќа никој не бил повреден.






