Новинарот Драган Павловиќ Латас сугерира да се провери чиј сопруг на судијка од Апелација е вработен во УБК, во врска со случајот со корупција на Атан Груби и судијата Беџети, зарради што двајцата завршија на црна листа,
„Ќе биде интересно ова со ангажман на Артан Груби и судијата Беџети околу судскиот случај на Мијалков.
За почеток може да се види чиј сопруг на судијка од Апелација е вработен во УБК, кога и под кои услови и која е неговата функција во триаголникот…
И, има ли врска сопругата со текот на процесот што не е тешко да се утврди, ако се сака“, напиша тој на социјалните мрежи.







