Додека не престануваат честит,ките од сите страни на светот за историскиот пласман на Македонија на Европското првенство во фудбал, бугарскиот портал „Дир.бг“ во опсежна анализа констатира дека главната причина за тоа се новите квалифиакциски правила и слабите противници.
„Да одиш Европско со победи над Гибралтар, Ерменија, Лихтенштајн, Косово и Грузија“ е насловот на подолгиот напис за успехот на „Северномакедонците“, како што нè нарекуваат во текстот.
„Ние само разјаснуваме – не толку славната фудбалска класа, колку среќниот каприц на регулативата е тоа што отвори можност. Секако, натпреварите мора да се добијат, без разлика против кого се, а тоа го сторија Северномакедонците. Тие го заслужија местото на Европското, што е неспорен успех.
Останува прашањето – нема ли да видиме многу тимови кои се обидуваат да се спуштат во нивоата на Лигата на нациите за да имаат таква можност? Затоа што излегува дека ако сте со аутсајдери, вашите шанси за место на големо натпреварување се поголеми отколку ако се натпреварувате со средната класа“, заклучува „Дир.бг“.







