Пред неколку дена д-р Аспасија Софијанова беше вратена како директорка на детската клиника во Скопје, а денеска преку статус на фејсбук композиторот Златко Ориѓански и упати пофални зборави за нејзиниот квалитет и ѝ се заблагодари на докторката, кој вчера го спасила животот на неговото дете.
Тој не навлезе во детали за тоа што точно се случувало со неговото дете, само посочи дека и покрај тоа што тие двајца се на различна политичка идеологија и од различна националност како двајча луѓе се почитуваат и имаше само пофални зборови за нејзината работа.
– Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, ВМРО, јас сум контра ВМРО, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не! На крајот, таа ми подари своја книга, јас и подарив моја музика. Животот е сепак, над се! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас, напиша Ориѓански во знак на благодарност.







