Инфлуенсерот Стефан Лазаров и Бојан Јовановски познат како Боки 13 организираат наградна игра во која се доделуваа стан во Скопје, но немаат дозвола за тоа. Оттаму во понеделник надзорните органи при Министерството за финансии ќе извршат соодветни контроли и во случај на неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законот. Задутре министерството за финансии ќе изврши контрола на Стефан Лазаров и Бојан Јовановски познат како Боки 13, објави Канал5 Телевизија.
„Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, во понеделник надзорните органи во состав на Министерството за финансии ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување на нерегуларности ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон.
Сакаме да напоменеме дека МФ издава согласности за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и за забавните игри, во којшто е дефинирано дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта. Притоа посочуваме дека за наградната игра за која имате доставено прашање не е активност која се регулира со Законот за игрите на среќа, па оттаму и Министерството за финансии не е надлежно да издава согласност за приредување – Гивавеј на социјалните мрежи. Дополнително, истакнуваме дека со оглед на тоа што оваа активност станува се почесто присутна на социјалните мрежи, во Министерството за финансии се разгледуваат можностите за нивна законска регулација“, велат надлежните за Канал 5.






