Со почеток од оваа сабота, Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ започнува со редовна автобуска линија за Попова Шапка. Линијата ќе биде во функција секоја сабота и недела, овозможувајќи полесен транспорт за граѓаните и туристите кои сакаат да го посетат популарниот туристички центар.
„Оваа услуга ќе им помогне на посетителите да уживаат во убавините на Попова Шапка, а со редовниот превоз ќе имаме поголема достапност за сите кои сакаат да уживаат во зимските активности,“ изјави Ангел Карапетов, советник во општина Тетово.







