Општина Брвеница продолжува со успешната реализација на бројни проекти за подобрување на условите во воспитно-образовните установи. Во рамките на проектот “Подобрување на отпорноста кон поплави”, кој се спроведува со поддршка на УНДП, денес општината набави 6 инвертер клими кои ќе бидат поставени во училишните објекти.
Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, изрази задоволство од овие инвестиции и истакна дека со ова темпо на вложување во образованието, училиштата во Брвеница ќе добијат ново лице, со значителни подобрувања во условите за работа и учење. “Со вакви проекти, образованието во општина Брвеница ќе биде во многу поинаква форма и многу поголем сјај”, рече Илиевски.
Поставувањето на инвертер климите е дел од пошироките напори на општината да ги подобри условите за учениците и наставниците, но и да се постигне поголема енергетска ефикасност во училиштата.






