Актерот Сашо Тасевски во своето отворено писмо до бугарската јавност посочи дека однесувањето на Бугарија кон Македонија е непријателско.
-Бугари, можете да го споделите и ова по ваши медиуми.
Вистински пријател скока во твоја одбрана кога си загрозен. Еве како Хрватска на пример. Не те загрозува и понижува, како што правите вие.
Е со таа Хрватска некогаш бевме во заедница. Се викаше Југославија. Ја водеше Тито, кого вие органски не можете да го поднесете, а беше хрват по потекло. Не верувам дека го знаевте ова. Е тој Тито секогаш се оградуваше од национализам, хрватски, српски и било каков.
Тој Тито само го испочитува вековниот стремеж на македонците и им овозможи да имаат држава во состав на федерацијата Југославија. Тито нам не ни турал со инка дека сме Македонци. Напротив, остави сами да градиме на темелите на нашиот идентитет.
Сфатете го тоа еднаш засекогаш. Во таа Југославија беше кривично дело да се оспори идентитетот на било кој од народите кои ја сочинуваа. Во изводи и на попис се пишувавме: македонец со југословенско државјанство. Кој што сака нека пишува и колку сака нека плука, но Тито беше пријател на македонскиот народ и покрај сите ограничувања на идеологијата врз која се темелеше неговата власт.
Прашањето кое им го поставил на неговите соборци Македонци било: сакате да имате своја држава во рамките на Југославија? Ќе ја имате!
И во таа земја ги уживавме сите права како посебен народ. Пишувавме и учевме на македонски. На оној јазик кој вие сега насилно саката да ни го поништите.
И цело време по Тито најдовте да плукате, кој во она време беше меѓу првите пет државници во светот, по респектот кој го имаше.
За разлика од вашите лидери, тој и Сталин и Хитлер ги прати по бурек, кога беа најсилни. Вие им седевте во скутот.
Не делиме заедничка историја, извинете вака.
Македонците пркоселе кога им било најтешко, со Тито или без него, вие сте шурувале со најсилните само за да не страдате.
И тоа е легитимно низ историјата и во животот, ама исти не сме. Нема ни да бидеме.







