На семејството на кумановец кој од коронавирус починал на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, посмртно им биле вратени туѓи здравствени документи, што ги вознемирило неговите најблиски. Во изјава за „360 степени“ синот на починатиот Зоран Трендафиловски вели дека добиле здравствена книшка од друго лице кое починало на инфективната клиника.
Се пожали дека ова било „капак“ на целата голгота што ја проживеале од моментот кога татко му се разболел се до неговата смрт и дека го зголемува сомнежот за тоа дали тако му бил лекуван како што треба.
„Не вознемири до толку што се прашувавме дали навистина го закопавме татко ми, бидејќи не го видовме телото поради протоколите. Контактирав со другото семејство. Ми рекоа дека ним им било дозволено да го видат телото преку прозор. Нивната книшка ја добивме ние, а тие велат не добиле никаква. Не знаме каде е книшката на татко ми“, вели Трендафиловски.
Тој посочува дека овој пропуст само го зголемил неговиот сомнеж за тоа дали татко му бил лекуван како што треба.







