Министерот за здравство Венко Филипче од Гостивар најави дека сите здравствени работници кои биле вклучени во битката со Ковид-19 ќе добијат од владата награда во следните месеци. Филипче ова го изјави при пуштање во употреба на хируршкиот оддел во Гостивар.
Директорот на болницата, Јакуп Јакупи рече дека сега овој оддел е целосно нов. Тој истакна дека овде не е инвестирано уште од 1978 година кога е изградена болницата.
„Инвестицијата е 15 милиони денари, близу 250 илјади евра. Имајќи предвид дека некои простории се намалени или пренаменети, ние имавме 32 легла, сега имаме 36 што покажува дека е зголемен капацитетот.“, рече Јакпи.







