Рано утрово жител на скопската населба Аеродром пријавил во полиција дека бил запален неговиот автомобил „Мерцедес“, соопшти МВР.
„Денеска (08.12.2024) во 04.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.С.(26) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.






