До крајот на месецот, компаниите и јавниот сектор мора да ги исплатат регресите за годишен одмор на своите вработени. Вработените во администрацијата ќе добијат најмалку 11.000 денари, додека во приватниот сектор износот ќе биде околу 16.800 денари, што претставува 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.
Исплатата на регресите треба да се заврши до крајот на годината, а услов за тоа е вработениот да работи најмалку шест месеци кај ист работодавец. Регрес им следува и на работниците кои ја смениле компанијата, доколку претходно работеле најмалку половина година во истата фирма.
Во случај на непочитување на оваа обврска, работодавците може да се казнат со до 4.000 евра, а одговорните лица во компанијата со казна од 500 до 1.000 евра. За работодавците кои ќе побараат враќање на исплатените суми, предвидена е затворска казна од три месеци до една година.







