На 05.12.2024 во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без поседување на лиценца. Притоа, на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека со патничко возило „киа пикланто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(65), со патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(70), патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблицчки управувано од С.Б.(61) и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(62), кои вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат соодветн документација, односно лиценца. На нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






