Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, објави интересна информација за скијачкиот центар во Михајлово. Вели дека се очекува да биде отворен до крајот на овој месец.
„Светна скијачкиот центар во Михајлово
Се поставија 18 столбови во висина од 10 метри за осветлување, на кои се поставени по 2 лед рефлектори од по 200W на ски патеката и 1 столб со 4 лед рефлектори од 200W за осветлување на теренот.
Во моментот се поставува ски лифтот како и останатата опрема, со што проектот е во завршна фаза и се очекува да биде отворен до крајот на овој месец“, напиша Јанчев на својот фејсбук профил.
А, објави и фотографии.







