Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, повика на здружена акција за борба против насилството врз жените и девојчињата, истакнувајќи ја важноста на локалните самоуправи во оваа борба.

„Насилството врз жените и девојчињата е проблем кој бара координирани политики, буџетски алокации и конкретни активности на локално и национално ниво,“ изјави Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на настан организиран во рамките на кампањата за подигање на свеста за ова прашање.
Според него, општините имаат клучна улога во креирањето и спроведувањето на едукативни кампањи, собирањето податоци за обемот на насилството и обезбедувањето специјализирани услуги за жртвите. Ѓорѓиевски ги повика локалните власти да работат на воспоставување вакви услуги во соработка со централната власт и невладините организации.

Ѓорѓиевски посочи неколку успешни примери од неговата општина. Во соработка со здружението „Крик“, Кисела Вода обезбедува бесплатна психолошка и семејна поддршка за жртвите на семејно







