Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Гаши: Борбата против корупцијата мора да биде заедничка

by
2024-12-05
in Uncategorized

-Треба да обезбедиме конкретни чекори за да ја подигнеме свеста за борба против корупцијата. Само така ќе може да напредуваме кон богато општество кое ги негува вредностите на транспарентност и интегритет. Рамнодушноста ѝ оди во корист на корупцијата, повика Гаши на активност на сите.

На одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши истакна дека корупцијата останува голем предизвик за секое општество и држава. Тој потенцираше дека борбата против неа мора да биде заедничка.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

-Овој феномен е заедничка адреса на секој разурнат систем, извор на проблеми и пречка за секој напредок. За жал, и во нашата земја ја поткопа довербата во институциите, го попречи економскиот развој и придонесе за масовно иселување на младите. Ни треба многу работа во оваа насока, рече Гаши.

Претседателот на Собранието нагласи дека борбата против корупцијата мора да биде сеопфатна и да вклучува заеднички ангажман на државните институции, невладините организации и сите граѓани.

-Ако корупцијата е болест, транспарентноста е единствениот начин на лекување. Развиваме нови дигитални системи кои ќе ја подобрат отчетноста. Создадовме нов регистар за НВО, платформа која претставува значаен исчекор за формирање и инклузивни политики. Можам да ве уверам дека ќе ја поддржам секоја иницијатива што спречува корупција, додаде тој.

Тој ја поздрави работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и другите релевантни институции, нагласувајќи дека борбата против корупцијата не е само должност на државните институции, туку и на секој поединец.

-Треба да обезбедиме конкретни чекори за да ја подигнеме свеста за борба против корупцијата. Само така ќе може да напредуваме кон богато општество кое ги негува вредностите на транспарентност и интегритет. Рамнодушноста ѝ оди во корист на корупцијата, повика Гаши на активност на сите.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Македонија.

На настанот што се одржува Собранието на Република Македонија, покрај Гаши, воведно обраќање имаше и претседелката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитриевска и швајцарската амбасадорка Вероник Улман. Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусијата „Клучни активности и предизвициво градење систем отпорен на корупција/заклучни согледувања и идни препораки“.  (МИА)

Previous Post

29 Интересни факти за Ерменија кои можеби не ги знаете:

Next Post

Пронајден возачот кој удри и усмрти жена кај Пепелиште!

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Пронајден возачот кој удри и усмрти жена кај Пепелиште!

Recommended

МОНСТРУМИ! – ПОРАДИ ВАКВИ ЗЛА ПОСТОИ СМРТНА КАЗНА

МОНСТРУМИ! – ПОРАДИ ВАКВИ ЗЛА ПОСТОИ СМРТНА КАЗНА

2 years ago
Црно МЕЧЕ на прошетка низ Пелистер (ФОТО)

Црно МЕЧЕ на прошетка низ Пелистер (ФОТО)

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.