На 03.12.2024 во 15.45 часот во СВР Тетово, менаџер во компанија во село од општина Желино пријавил дека на 08.11.2024 биле измамени за сума од 16.550 евра. Според пријавеното, преку банка во Тетово, по претходен договор, парите ги уплатил од трансакциска сметка на правниот субјект во кој работи на име на фирма од Република Австрија со која редовно соработувале веќе 15 години и контактирале преку е -маил. Како што е пријавено, тие порачале стока, но откако не ја добиле телефонски ги контактирал сопствениците на фирмата кои му кажале дека извршиле проверка и констатирале дека кај нив нема извршено никаква наплата и затоа не ја добиле робата. Исто така, според пријавеното, притоа било констатирано дека едно лице ги изменило е-маил адресите на наведената фирма и дека тој не контактирал со нив, туку со непознато лице кој извршил компјутерска измама. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






