Данскиот парламент донесе нов закон со кој од 1 јануари 2025 година се ограничува истакнувањето знамиња на други држави на јавни места, освен во одредени исклучоци.
Министерот за правда, Петер Хумелгард, изјави дека националното знаме на Данска заслужува посебен статус како симбол што ги обединува сите Данци.
„Знамето е симбол на нашата заедничка култура и идентитет, и со оваа законска регулатива му даваме признание какво што заслужува,“ нагласи Хумелгард.
Новите правила нема да важат за знамињата на одредени земји и региони како Финска, Фарските Острови, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска и Германија, како и за знамињата на меѓународни организации како Обединетите нации и Европската Унија.
Законот е дел од иницијативата за зачувување на културното наследство и националниот идентитет во контекст на зголемената глобализација.







