Утре, 4 декември 2024 година (среда), неколку села во тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН Македонија соопштуваат дека прекинот ќе трае неколку часа, а засегнатите жители се повикуваат да ги организираат своите обврски соодветно.
Дел од с.Брвеница, објекти кои се наоѓаат на делови од улиците: Дубрава и Пролетерска прекин од 09:00 до 13:00 часот.
НОВО СЕЛО: дел од Ново Село о.Желино прекин од 09:00 до 12:00 часот.
КОПАНЦЕ, РАОТИНЦЕ, ПРЕЉУБИШТЕ, ПОДБРЕГЕ, ЈАНЧИШТЕ, ТУДЕНЦЕ, ЈЕГУНОВЦЕ прекин од 09:00 до 14:00 часот.






