Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ, познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета.
Во својот плоден научен живот, автор е на десетици дела од областа на компјутерската наука и електроинженерството, но исто така, освен дешифрирањето на Каменот од Розета со академик Томе Бошевски во 2005 година, автор е и на огромен број дела и трудови од областа на истражувањето на древна Македонија.
Познат е и по тоа што ги има дешифрирано сите декрети напишани од Птоломеите, од Птоломеј II до Птоломеј VII.






