Зимската служба на Општина Брвеница од раните утрински часови интензивно работи на расчистување на снегот од патниот правец Стенче – Гургурница, кој е долг 17 километри. Според градоначалникот Јовица Илиевски, сите патишта и улици на територијата на општината се целосно чисти и проодни, обезбедувајќи непречено движење за сите учесници во сообраќајот.

„Екипите се на терен и прават сè што е потребно за да се одржат патиштата безбедни за сообраќај. Апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење на условите во зимски период,“ изјави Илиевски.

Општина Брвеница продолжува со својата посветеност за обезбедување безбедност и функционалност на инфраструктурата во зимскиот период, а зимската служба останува подготвена да реагира на секоја нова состојба на терен.







