Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Интензивирањето на изградбата на автопатиштата од Градско до грчката граница, ќе го препороди бизнисот во Пелагонискиот регион

by
2024-11-30
in Uncategorized

Успорен или никаков развој, губење на странски деловни партнери, инвестиции и пазари, отежнат транспорт, работење со загуби. Многу од компаниите кои сме сместени во срцето на Пелагонија, децениското отсуството на адекватна патна инфраструктура, со години го плаќаме прескапо, констатира градежниот стопанственик од Прилеп, Гордан Бошкоски. Оттука, конечната изградба на автопатиштата од Градско, па се’ до грчката граница, ќе значи и своевиден препород за целокупниот бизнис во овој регион, вели тој.

„Пелагонискиот регион беше буквално „слепо црево“ за инвеститорите. Сме имале случаи кога одредени добавувачи кои ги носат од странски компании, да ни речат – „јас немам на полош пат поминато со шлепер во поширокиот дел на Европа“…Кога ќе имате автопат, кога ќе имате таква работа, тогаш дефинитивно, ќе доаѓаат и странски компании како инвеститори заради тоа што е многу лесно поврзувањето со пристаништето во Солун…Значи, тука е крвотокот на бизнисот. Без современи патишта нема развој на економијата, дефинитивно е тоа“, – дециден е Гордан Бошкоски, градежен стопанственик од Прилеп.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

  Од друга страна, Пелагонискиот регион, со години е и втор по големина во придонесот на формирањето на БДП во Македонија со скоро 12 насто, а во исто време пак, е со најмал процент на застапеност на „сивата“ економија. Ова, според Бошкоски е и причина повеќе, оваа Влада посериозно да се посвети на развојот на овој регион, бидејќи, како што вели, негативните рефлексии и врз тековното работење, и врз реалниот развој, сега им се огромни.

  „Фирмите и компаниите кои што работат во овој регион, транспарентно си ја обавуваат работата. Работат законски и.т.н., додека тоа не е случај со некои делови од Македонија…Компании кои што се јавуваат, а се подложни да работат и буквално „на црно“, ни претставуваат нелојална конкуренција“, – категоричен е Бошкоски.

   Инвестицискиот „бум“ во овој дел од земјата, особено во патната инфраструктура, неодамна го најави и ресорниот министер и вице-премиер, Александар Николоски. Тој рече дека до Нова година ќе биде пуштена првата делница до Дреново од Експресниот пат Градско –Прилеп, до март – Дреново-Фариш, а за три години да биде готов и автопатот Прилеп-Битола. А тука е и изградбата на битолската Обиколница, како и на Експресен пат до Граничниот премин „Меџитлија“.

Previous Post

ПО 22 ГОДИНИ ИЗГРАДБА ОТВОРЕНО МЕТРОТО ВО СОЛУН, БИЛЕТ ЌЕ ЧИНИ 60 ЦЕНТИ

Next Post

Голема полициска акција во северно Косово по експлозијата во каналот Ибар-Лепенец

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Голема полициска акција во северно Косово по експлозијата во каналот Ибар-Лепенец

Recommended

Четврто поскапување по ред: Горивата пак поскапуваат од полноќ

НЕ возат СЛУЖБЕНИ возила, ама затоа точат гориво на сметка на општините!

4 years ago
„Ми ги отруја душињава што ги хранев“ (Вознемирувачко видео)

„Ми ги отруја душињава што ги хранев“ (Вознемирувачко видео)

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.