Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

КАТАСТРОФАЛНАТА СОСТОЈБА Е САМО ДЕЛ ОД ПРЕДИЗВИКОТ- Божиновска на терен во РЕК Осломеј

by
2024-11-30
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети термоелектраната Осломеј кај Кичево, еден од клучните енергетски капацитети во земјата. Посетата е дел од заложбите на министерката редовно да ги посетува енергетските објекти со цел директно да се увери во состојбите на терен и да ја забрза транзицијата која ќе донесе енергетска стабилност и независност.

„Состојбата што ја затекнавме е лоша и тоа нема да го криеме. Но, она што можам да кажам е дека се вложуваат максимални напори, а понекогаш и невозможното, за да ги стабилизираме капацитетите. Со ангажман на нашите стручни лица и новиот менаџмент, веќе гледаме позитивни резултати.“ изјави министерката Божиновска.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Министерката ја дочекаа претставници на раководниот тим на ЕСМ и директорите на РЕК Осломеј, кои детално ја информираа за моменталните состојби, како и за затекнатите состојби во комбинатот по смената на раководствата. Божиновска направи обиколка низ електраната, вклучувајќи ја машинската зграда, турбината, и локацијата на котелот и блок-командата.

„Машини кои се борат со товарот на времето, јаглен кој е далеку од квалитетот што би го поддржал производството, и техничка опрема која итно бара замена. Ова е само дел од катастрофалната состојба во која е оставен РЕК Осломеј. Но, покрај предизвиците, тука има и нешто друго – посветени луѓе кои одбиваат да се предадат, и планови за трансформација кои ветуваат нова ера.“ истакна Божиновска.

Директорот на РЕК Осломеј, Сашо Вренцоски, информираше дека, иако соочени со исцрпени резерви на јаглен, затекната катастрофална состојба, неизвршен ремонт на термоелектраната, половина од деловите потребни за вклучување во производство нефункционални, сепак РЕК Осломеј успеа речиси половина месец да помогне во обезбедување енергија за електроенергетскиот систем за постабилна грејна сезона за сите граѓани во Македонија.

„Благодарение на заедничките напори на новиот менаџмент и вработените, успеавме според можностите и краткиот период за подготовки да го оспособиме капацитетот, да го вклучиме во електроенергетскиот систем со цел да го зголеми домашното производство на електрична енергија. Доколку имаме дотур на јаглен, се надеваме дека термоелектраната ќе биде во можност да одговори на предизвиците и да помогне во текот на претстојните зимски месеци.“ истакна Вренцоски.

Божиновска изрази желба да разговара дирекно со вработените и од нив да чуе со што се соочуваат. Вработен, со 40 годишно работно искуство токму во оваа централа, со ист елан како и на почетокот на својата кариера, ја информираше министерката дека морале да го користат сето свое искуство и знаење за да го извлечат најдоброто од лошиот јаглен кој им бил донесен претходно, и кој сè уште го користат бидејќи мораат да ги дотрошат залихите како би и заштедиле на државата. Вели заедно со колегите успеале барем да ги ублажат последиците врз дотраените машини, и спречиле нивно неповратно оштетување, но апелираше до министерката да се заложи за строги контроли каков јаглен се набавува.

Божиновска му се заблагодари за 40 годишната посветена работа и ги увери вработените дека времето на расипништво, договори во 4 очи и негрижа за капацитетите витални за граѓаните на целата земја, е завршено и тоа не само што нема повеќе да се дозволи туку и најостро ќе се санкционира.

Министерката ја посети и лабораторијата каде беше информирана дека во таа установа ги имаат најточните резултати за составот на јагленот кој го испитуваат, и ѝ порачаа на министерката да не се сомнева во нивните резултати. „Ние си го знаеме и комбинатот и јагленот и нашите стари машини, а со новата апаратура која неодамна ја добивме сега сме уште попрецизни, а ако добиеме помодерна пак, ќе нема попрецизни од нас“ се пофалија вработените во лабораторијата.

Министерката изрази желба, наместо работен состанок со раководството во канцелариите, да им се придружат на вработените во мензата каде освен што минаа повеќе време со вработените, се дискутираше за предизвиците за тековната грејна сезона и долгорочните планови за трансформација на капацитетите. Министерката Божиновска ја истакна важноста на амбициозните инвестиции во чиста енергија

Директорот за развој и инвестиции Владимир Пејоски ги претстави плановите за 2025 година, истакнувајќи дека трансформацијата е во тек. „Градиме нови капацитети за обновлива енергија. Пред неколку дена објавивме оглас за изведувач на изградба на две фотоволтаични централи ФЕЦ Осломеј 2 и ФЕ Битола 1 со вкупна инсталирана моќност од 30 MW. Работиме и на физибилити студии за проекти кои ќе донесат уште поголема енергетска независност.“ рече Пејоски.

„Наша обврска е да се соочиме со реалноста, но и да покажеме дека со работа и визија, можеме да ја смениме таа реалност. Ќе продолжам редовно да ги посетувам енергетските објекти низ Македонија за да добијам директен увид во состојбите и да осигурам дека секој вложен напор носи конкретни резултати. Само со домаќинско работење, професионалност и посветеност ќе ја обезбедиме енергетската стабилност и независност што нашите граѓани ја заслужуваат.“ истакна Божиновска на крајот на посетата.

Previous Post

Меџити: Палењето на знамињата во Македонија и случувањата на северот на Косово – тенденција за дестабилизација на регионот

Next Post

АНДИ ИСМАИЛИ – СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО МОДЕРЕН ТАНЦ!

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

АНДИ ИСМАИЛИ – СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО МОДЕРЕН ТАНЦ!

Recommended

Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош

8 months ago
ГОРИ Ковид Центарот во ТЕТОВО (Видео)

Вештакот за модуларната болница во Тетово против БРАКО и Филипче – Електричната инсталација приклучена без елаборат

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.